Педесетина вработени во скопската пиварница остануваат без работа поради организациско преструктуирање на компанијата, што опфаќа укинување на 50 работни места. Kако што соопшти „Пивара Скопје“, станува збор за укинување на несуштински дејности, а дел од работните места се укинуваат поради модернизација на производството. Оние што ќе останат без своите работни места, како што дознаваме, ќе добијат испратнина од околу 10.000 евра, односно 24 нето-плати за вработен, што е предвидено во програмата за преструктуирање. Освен тоа, отворена е и можноста за преземање на некои од вработените од фирми со кои ќе се склучат договори за извршување услуги, но некои, како столари и плочкари, ќе мора да се снаоѓаат сами. Програмата за организациско преструктуирање ќе биде спроведена транспарентно, во соработка со вработените, според јасно дефинирани и прецизни критериуми, во согласност со роковите и со процедурите пропишани со закон и преку активен дијалог со сите засегнати страни.
Педесетина вработени во скопската пиварница остануваат без работа поради организациско преструктуирање на компанијата, што опфаќа укинување на 50 работни места.
Kако што соопшти „Пивара Скопје“, станува збор за укинување на несуштински дејности, а дел од работните места се укинуваат поради модернизација на производството.
Оние што ќе останат без своите работни места, како што дознаваме, ќе добијат испратнина од околу 10.000 евра, односно 24 нето-плати за вработен, што е предвидено во програмата за преструктуирање. Освен тоа, отворена е и можноста за преземање на некои од вработените од фирми со кои ќе се склучат договори за извршување услуги, но некои, како столари и плочкари, ќе мора да се снаоѓаат сами.
- Програмата за организациско преструктуирање ќе биде спроведена транспарентно, во соработка со вработените, според јасно дефинирани и прецизни критериуми, во согласност со роковите и со процедурите пропишани со закон и преку активен дијалог со сите засегнати страни - се вели во соопштението од „Пивара Скопје“. Од таму потегот го образложуваат со тековните предизвици на домашниот и на светскиот пазар, како и со потребата компанијата дополнително да ги зајакне целокупните перформанси и да ја обезбеди нејзината одржлива иднина.
Во скопската пиварница се вработени околу 367 лица, но сега нивниот број ќе се намали на околу 320. Освен овие лица, кои се директно вработени, егзистенцијата од оваа успешна компанија ја вадат уште најмалку 600 лица во дистрибутивни центри, кои ексклузивно работат за пиварницата, и возачи, кои во претходните фази на реорганизација беа одвоени од суштинските дејности на компанијата – производство на пиво, слад и безалкохолни пијалаци.
Од пиварницата велат дека паралелно со процесот на укинување на некои работни места продолжуваат интензивни вложувања во производството на пиво и безалкохолни пијалаци каде што само во изминатата деценија беа инвестирани над 50 милиони евра.